|

ИСТРАЖУВАЧКИ ПРИОРИТЕТИ: КРАТОК ОПИС НА СОСТОЈБАТА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН 2019

Abstract

Во услови на растечка закана од насилен екстремизам ширум светот, регионот на Западен Балкан се соочува со значајни предизвици во поглед на општествената кохезија и стабилноста. Како и насекаде во светот, наративите за верска, крајнодесничарска и националистичка борбеност одекнуваат кај ранливата популација на млади во земјите од Западен Балкан, каде што историјата на етнички, верски и граѓански судири создала состојба којашто е ранлива на регрутација на терористи дома и во странство. Лица коишто отишле во други земји за да се борат покрај насилни екстремистички организации се враќаат во своите матични земји по загуба на територии на екстремистичките групи во Сирија и во Ирак. Истовремено, етнонационалистичкиот екстремизам продолжува да добива на сила и да се шири низ целиот регион.

Иако на некои од овие теми им е посветено поголемо внимание во тековната литература, други и понатаму остануваат недоволно истражени. Исто така, за постојните теми за истражување потребни се повеќе теренски истражувања и подлабока концептуална основа. Празнините во нашето колективно разбирање коишто се јавуваат како резултат на горенаведеното укажуваат на потребата за натамошни истражувања за развојот на општествената динамика и на динамиката на насилниот екстремизам на Западен Балкан. Поригорозни и повтемелени истражувања во врска со ова можат да помогнат за подобро информирање и унапредување на активностите за спречување и борба против насилниот екстремизам во регионот.

Во 2019 година, RESOLVE Network организира средба на локални и на меѓународни експерти, со цел да разговараат за празнините во истражувањата и да изработат прелиминарна листа на истражувачките приоритети заради спречување и борба против насилниот екстремизaм што прогресира на Западен Балкан. Темите коишто се идентификувани подолу ја одразуваат нивната колективна стручност, длабинското согледување и посветеноста на континуирана анализа на тенденциите и на динамиката на насилниот екстремизам во регионот.

 

Suggested citation:

RESOLVE Network. Истражувачки Приоритети: Краток Опис На Состојбата На Западен Балкан 2019. Washington, D.C.: RESOLVE Network, 2020. https://doi.org/10.37805/rp2020.5.wb.