Адриан Штуни
|

Реинтеграција Како Императив: Децата Повратници На Западен Балкан

Cover page
Abstract

Од 2012 година 1.070 државјани на земјите од Западен Балкан заминале да живеат и да се борат на териториите контролирани од терористичките организации во Сирија и во Ирак. Од нив, во времето на заминување 200 лица биле малолетни. Со текот на годините, уште голем број деца биле родени во арената на сирискиот и на ирачкиот конфликт од родители државјани на земји од Западен Балкан. Од крајот на 2019 година околу 485 лица се вратиле дома, со што Западен Балкан станал регион со најголема концентрација на повратници од Сирија и од Ирак во Европа. Уште неколку стотици лица, главно малолетници, остануваат во стапица во несигурните услови во Сирија, со неизвесни изгледи за враќање. Голем број земји се справуваат со ситуацијата во која не знаат што да прават со државјаните што отишле да живеат и да се борат во таканаречената Исламска држава (ИД) „калифат.“ Меѓутоа, искуството и разбирањето на она што го олеснува ефикасното ангажирање кај повратниците од Сирија, особено кај децата повратници од Сирија, е во ранитe фази. Оваа Студија за политиките дава препораки за начините за пристап до рехабилитацијата и реинтеграцијата (РР) на деца повратници на Западен Балкан, комбинирајќи ги новите добри практики со водечките принципи на конвенциите, договорите и на протоколите фокусирани на правата на децата.

 

Suggested citation:

Штуни, Адриан. Реинтеграција Како Императив: Децата Повратници На Западен Балкан. Washington, D.C.: RESOLVE Network, 2021. https://doi.org/10.37805/pn2021.4.wb.