Марина Лажетиќ
|

ЗАВРШНО РЕЗИМЕ | Миграција, екстремизам и опасни игри на обвинувања: Развој и динамика во Србија

Abstract

Почнувајќи од 2015 година, забрзаното пристигнување на стотици илјади мигранти во Европската Унија (ЕУ) од Блискиот Исток, Јужна Азија и Африка се совпадна со зголемувањето на поддршката за антиимиграциската реторика и за крајната десница во повеќе европски земји. Значителен број од овие мигранти дојдоа во ЕУ преку патот што стана познат како „Balkan Route“ (Балканска рута), главен транзитен копнен пат што минува низ Западен Балкан. Меѓутоа, во 2016 година маршрутата официјално беше „затворена,“ а голем број од тие луѓе беа оставени да се обидуваат да стигнат до Европа, додека ефективно останаа заглавени на Балканот. На пример, во 2020 година на границите на Србија во секој даден момент беа присутни околу 7 000 мигранти и бегалци. Ова присуство на мигранти во рамките на Балканот не помина незабележано и, во некои случаи, дури предизвика интензивирана активност и мобилизација меѓу припадниците на крајната десница, кои се спротивставуваа на нивното присуство во регионот. Истражувајќи го овој феномен, овој извештај се концентрира на динамиката што ја опкружува миграцијата и на одговорите на неа од крајната десница во Србија, една од земјите долж „Balkan Route“ (Балканската рута).

 

Suggested citation: 

Лажетиќ, Марина. Миграција, екстремизам и опасни игри на обвинувања: Развој и динамика во Србија (завршно резиме). Washington, D.C.: RESOLVE Network, 2022. https://doi.org/10.37805/wb2021.1